Menu

ВОЗБУДА ПО ЗБОРОТ

Васил Тоциновски 
Институт за македонска литература, Скопје, 2000
Димензии 21см
Број на страници 316
ISBN 9989-886-08-3
Цена 300,00 ден.
Книгата содржи 16 книжевно-историски студии посветени на одделни членови, пројави и движења во рамките на Македонскиот литературен кружок во Софија. Текстовите низ нови архивски истражувања разоткриваат непознати страници од животот и делото на Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев, Антон Великов, Иван Керезиев и Димитар Митрев. Како традиција и континуитет во организираното дејствување на македонските писатели, авторот меѓу другото, третира и некои книжевни теми какви што се ајдутските и комитските мотиви во поезијата на кружочниците, потоа за првата стихозбирка Бура над родината на Жаров како повод за книжевна конфронтација, односите и влијанијата од руската литература, дводомноста како едно од најактуелните книжевни прашања и како назнака на опстојбата и резултатите на Македонскиот литературен кружок.