Menu

НАРОДНА РИЗНИЦА

Ленка Татаровска 
Институт за македонска литература, Скопје, 2000
Димензии 24см
Број на страници 247
ISBN 9989-886-20-2
Цена 300,00 ден.
Книгата содржински се состои од два дела. Првиот е теориски, насловен како Магијата на обредот, а вториот е историски и е претставен под наслов Нижачи на бисери. Од првиот дел ја посочуваме студијата посветена на митот за космичката хиерогамија, кој како модел за човечкото однесување во светот на природата, се мисли дека е постар дури од орфизмот. Во прашање се светите митски свадби и старите народни антропоморфни сфаќања за светот. Истражувањето Трансформации на обредните структури е посветено на реконструкција на обредните реликти сврзани со естетиката на македонското народно творештво и сл. Вториот дел од книгата содржи истражувања од областа на историјата на македонскиот фолклор и ги претставува помалку познатите македонски фолклористи: Јанаки Стрезов и браќата Костенцеви.