Menu

ЕСЕИ

Веле Смилевски
Институт за македонска литература, Скопје, 2000
Димензии 21см
Број на страници 163
ISBN 9989-886-14-8
Цена 300,00 ден.
Предмет на оваа книга е есејот како книжевене жанр, виден од теориски аспект, од една страна, и од друга – неговата практична примена во толкувањето на книжевните светови на истакнати македонски писатели. Првиот аспект е присутен во воведниот прилог со наслов Есеј за есејот во кој спецификите на овој книжевен вид се третираат како постојан копнеж по систем. На овие размисли се надоврзуваат и двата наредни прилога: Искушенија и дилеми при толкувањето и Јазикот што памети и сонува. Во вториот дел книгата донесува есеи за поетското творештво на Славко Јаневски, Блаже Конески, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Петар Т. Бошковски. Во посебен прилог на книгата е објавена статијата Можностите на есејот или меѓу научната студија и арс-поетичкиот модел