Menu

ОКТОИХОТ ВО МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНА ТРАДИЦИЈА

Ѓорги Поп-Атанасов
Институт за македонска литература, Скопје, 2000
Димензии 24см
Број на страници 180
ISBN 9989-886-15-6
Цена 300,00 ден.
Во трудот се разгледува проблемот околу старословенскиот превод на Октоихот и неговото ширење во македонската книжевна традиција. Разгледани се повеќе македонски октоиси, пред сé од староизводен тип, кои што настанале најдоцна до средината на XIV век. Проучени се структурата и особеностите на Октоихот, со посебен акцент на преводите и химнографските текстови како и на оригиналните химнографски творби, чиј што автор е Климент Охридски.