Menu

ЛИЦЕ И ОПАЧИНА

Јасмина Мојсиева-Гушева
Институт за македонска литература, Скопје, 2000
Димензии 20см
Број на страници 208
ISBN 9989-886-06-7
Цена 300,00 ден.
Вредноста на овие есеи пред сé е содржана во нивната епистемолошка свежина, во нивната феноменолошка перспектива, во живото - академски нескротливо - љубопитство, кон литературата да се пристапува не само како изделен предмет, туку обратно – во и преку литературата да се тргне кон онтолошките предизвици на човечкото постоење, кон исконскиот немир (симболизиран во двосмислениот симбол на змијата), кон архетипската подвоеност на човекот помеѓу небото и земјата, помеѓу бога и себеси. Отаде и гневот, отаде и моќта на погледот – отаде сето духовно и сето истражувачко неспокојство, кое копнее кон отворање и посегање по непознатото, наместо стерилно дремење во епистемиолошката мемла. Книгата ги обединува лицето и опачината на секој од феномените обработувани во неа, оттаму и нејзиниот наслов.