Menu

МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДАНИЈА ЗА МЕСТА

Валентина Миронска-Христовска
Институт за македонска литература, Скопје, 2000
Димензии 21см
Број на страници 193 
ISBN 9989-886-13-Х
Цена 300,00 ден.
Проследени се проучувањата за преданијата, посебно за преданијата за места. Во одделни поглавја нотирана е собирачката дејност на К. Шапкарев и на М. Цепенков, со посебен осврт на преданијата за места во нивните поглавја со: преглед на застапеноста на преданијата за места во фондот на македонската народна проза; жанровските специфики: да разјаснат (како настанало некое место), да објаснат (зошто бил изграден некој објект). За раскажувањето карактеристична е субјективноста. Композицијата на преданијата е слободна, со можност за импровизација, а забележана е и нивната карактеристика за контаминацијата. Од проследените преданија произлегува нивната класификација и карактеристичните ликови и мотивите во нив. Во претпоследното и последното поглавје следуваат оценки за фолклористичките вредности на македонските преданијата за места, како и за нивната врска со уметничката литература. Следува и прилог од 23 досега не забележани преданија за места од Западна Македонија