Menu

АНТОН ПОП СТОИЛОВ МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ УМОТВОРБИ

Марко Китевски
Институт за македонска литература, Скопје, 2000
Димензии 24см
Број на страници 230
ISBN 9989-886-22-9
Цена 300,00 ден.
На почетокот од книгата е објавен текст за местото на Антон Поп Стоилов меѓу собирачите на македонските народни умотворби. Потоа се објавени македонските народни умотворби што тој ги запишал и ги објавил во весници, списанија, пригодни поубликации и сл. (Сборник за народни умотворенија, Периодическо списание, Известија на народниот етнографски музеј во Софија, Книжици за прочит, Новини и др.). Зборникот содржи народни песни, приказни, детски игри, пословици, гатанки, баења, верувања и суеверија, обичаи и др. од Битолско, Велешко, Горноџумајско, Корчанско, Костурско, Крушово, Кукуш, Леринско, Малешевско, Мариовско, Мелничко, Неврокопско, Прилеп, Разлошко, Светиврачко, Серско, Скопје, Штип и др. места.