Menu

ОГЛЕДАЛО НА ДИСКУРСОТ

Лорета Георгиевска-Јаковлева
Институт за македонска литература, Скопје, 2000
Димензии 20см
Број на страници 188
ISBN 9989-886-05-9
Цена 300,00 ден.
Книгата опфаќа три студии: „Гледната точка и македонскиот роман“ (1952-1960) која преку дескрипција на романсиерската продукција во посочениот период, издвојува два модели на односи (на идеолошки, фразеолошки, просторно-временски, психолошки план и од прагматички аспект) кои се појавуваат на ниво на гледната точка, а кои се карактеристични за развојот на романот во Македонија како жанр во периодот на неговото појавување. Приодот во студите „Романите на Живко Чинго“ и „Композицијата на романите на Владо Малески“ е херменевтички, а предмет на анализа се романите: Големата вода , Ал и Бабаџан (Чиго) и Она што беше небо, Разбој и Записите на Езерко Дримски