Menu

ПРОНИКНУВАЊА НА ТРАДИЦИЈАТА И КОНТИНУИТЕТОТ

Илија Велев
Институт за македонска литература, Скопје, 2000
Димензии 17см
Број на страници 252 
ISBN 9989-886-12-1
Цена 300,00 ден.
Книга со студии за средновековната македонска книжевност и за култните интроспекции на духовната, фолклорната и на книжевната традиција. Поголемиот број студии го разоткрива проникнувањето на континуитетот и традицијата со воведниот прилог за македонската средновековна книжевност наспрема другите книжевности, каде што се актуелизира критериумот за национално определување на книжевните истории. Другите студии ја осведочуваат традицијата со истражувањата за причината што го навела Црноризец Храбар да го напише трактатот За буквите, го произнесуваат континуитетот на книжевниот развој, ја сообразуваат традицијата и континуитетот преку проследувањето на книжевноста од XIII до XVIII век, а ја просветлуваат и култната интроспекција како меморија и творечка перспектива.