Menu

МИТОЛОГИЈА НА ЈАБОЛКОТО И ПРСТЕНОТ

Ленка Татаровска 
Институт за македонска литература и Менора, Скопје, 2000 
Димензии 20см
Број на страници 256 
ISBN 9989-632-78-2
Цена 300,00 ден.
Научните истржувања во оваа книга се посветени на архетипските симболи: јаболкото и прстенот чија моќ сè уште е делотворна и ги задоволува човечкиот дух, интелект и емоции. Станува збор за традициски и живи симболи неопходни на човечкиот ум. Проследени во македонското усно творештво, тие откриваат праелементарни суштински проблеми на една пространа област од можности која непрестајно се шири и допира до првобитниот обреден синкретизам. Преку артикулацијата на зборот на народниот гениј, овие симболи раскриваат една основа на митско-симболичната поетика во која доминира хармонијата на мерки и пропорции. Имено, симболите јаболко и прстен видени низ окото на митската психологија, допираат длабоко во идејата за природно убавото, градејќи ја на специфичен начин, заедно со другите елементи, естетската концепција на македонскиот фолклор.