Menu

СРЕДНОВЕКОВНИ КНИЖЕВНИ ЖАНРИ

Вера Стојчевска-Антиќ, Добрила Миловска и Маја Јакимовска-Тошиќ
Институт за македонска литература и Култура, Скопје, 2000 
Димензии 20см
Број на страници 257 
ISBN 9989-32-167-1
Книгата претставува резултат од проектот Средновековни жанри во средновековната македонска литература (1995-1997). Во изданието се јавуваат тројца автори: Вера Стојчевска-Антиќ со поднасловот: "Кон беседите на Свети Климент Охридски, Добрила Миловска со "Средновековни раскази" и Маја Јакимовска-Тошиќ со темата "Историско-книжевните творби во македонското средновековие". Авторите обработуваат еден сегмент од средновековната жанровска разновидност, која бара перманентни истражувања и претставувања. Трите претставени тематски подрачја покажуваат блиски врски и влијанија со византиската средновековна книжевност, која уште со почетоците од развојот на словенската писменост и книжевност одиграла значајна улога во формирањето на однегуван книжевен стил и пристап кај првата генерација словенски дејци.