Menu

БАЈКА НА ЖИВОТОТ (македонската книжевност за деца и младина во периодот меѓу двете светски војни)

Јованка Стојановска-Друговац 
Институт за македонска литература и Култура, Скопје, 2000 
Димензии 21см
Број на страници 173 
ISBN 9989-32-169-8
"Нов, студиозен, научно истражувачки труд, посветен на, речиси, сите позначајни, поважни претставници на оваа составка на македонската литературна историја. Монографскиот осврт на вкупно 18 најистакнати претставници на македонската литература за деца и младина, почнувајќи од творештвото на најстарите двајца претставници на оваа литература кај Македонците – Ј. Х. Џинот преку драмскиот израз и Г. Прличев преку стихот па низ соодветните творби од М. Цепенков, Е. Спространов, Т. С. Брадина, Н. К. Мајски, В. Иљоски, Н. Ј. Вапцаров, Р. Петковски, В. И. Илиќ, А. Крстиќ, М. Богоевски,Б. Бојаџиски, В. Николески, В. Куноски, Н. Зекманова, В. Наумчевски и С. Јаневски дава различни по обем осврти, третмани што се заедно претставува драгоцен, функционален, инструктивен преглед на тие достојни страници од летописот на македонската подалечна и поблиска книжевна историја." (проф.д-р Томе Саздов)