Menu

ЛИТЕРАТУРНИ СТУДИИ

Веле Смилевски
Институт за македонска литература и Култура, Скопје, 2000 
Димензии 20см
Број на страници 210 
ISBN 9989-32-173-6
Во книгата предмет на интересирање се делата на три крупни фигури на современата македонска литература: Блаже Конески, Петре М. Андреевски и Горан Стефановски. Во првиот дел авторот пишува за есеите на Блаже Конески кои до сега во науката не беа предмет на изделено и поопстојно разгледување. Со оглед на тоа дека станува збор за писател чиј развој е еквивалентен на неколку значајни и неодминливи фази во развојот на современата македонска литература, но и за литературозналец и мислител со длабоки проникнувања во литературната историја и теорија, дејноста на Блаже Конески во овој домен добива многу поширока димензија и клучно место по низа суштински прашања. Во вториот дел на научен третман се подложени поетското и романескното дело на Петре М. Андреевски. Предмет на анализа се стихозбирките "И на небо и на земја", "Дениција", "Дални наковални" и "Пофалби и поплаки", како и романите "Пиреј" и "Скакулци". Во третиот дел, посветен на драмското творештво на Горан Стефановски, авторот на овој научен труд се задржува на драмите: "Јане Задрогаз", "Диво месо", "Лет во место", "Хи – Фи", "Дупло дно", "Тетовирани души", "Црна дупка", "Лонг плеј" и "Кула Вавилонска".