Menu

КАЛВИНО И СКАЗНАТА

Анастасија Ѓурчинова
Институт за македонска литература и Култура, Скопје, 2000 
Димензии 20см
Број на страници 130 
ISBN 9989-32-131-0
Книгата во основа е адаптирана верзија на магистерскиот труд на авторката, одбранет на Филолошкиот факултет во Белград 1992 година, збогатен со неколку нови поглавја за потребите на ова издание. Во него е разработена темата за интересот на современиот италијански писател Итало Калвино за жанрот на народната сказна и начинот на кој сказната потоа се препознава во богатата и разновидна раскажувачка постапка на овој автор. Утврдени се четири начини на транспозиција на сказната и нејзината специфична наративна структура во расказите и романите на Калвино: како чудесна приказна за човековите искушенија, под превезот на алегоријата и филозофијата, во светлина на науката и научната фантастика и како основа за авторовата "ars combinatoria".