Menu

ТРАВЕСТИЈА НА УСНАТА ИСТОРИЈА - РАСКАЖУВАЧКИОТ КРИПТОГРАМ НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

Наташа Аврамовска
Институт за македонска литература и Менора, Скопје,1999 
Димензии 24см
Број на страници 254 
ISBN 9989-632-48-0
Проследувањето на раскажувачкиот опус на Андреевски е комбинација на две противставености, една жанровска (новела/роман), друга модална (усност/писменост), кои не се поистоветуваат туку едната на другата се надодредуваат. Жанровите тука се појмени како функционални единства кои му се приспособуваат на динамичниот состав на разлики та оттука овозможуваат делотворна примена на посструктуралистичкиот поим на рамката/врамувањето. Основната теза е дека романите на Андреевски настануваат со разработка на новелистичката рамка на збирките та со наслојување и уверижување на нивните исказни инстанци. Новата теза е дека усноста во романите не треба да се бара толку во нивниот говор колку во нивната структура, та анализата со неуморно надодредување на рамката ја устоличува техниката на усното предание, каде на авторскиот субјект малку-помалку му се брише трагата. Притоа се истражува и улогата на изреката или поговорката во мисе-ен-абиме структурацијата на романот. Во светлото на уснокултурната кодираност на романескните структури се утврдува и специфичноста на македонскиот историски роман.