Menu

ТРОЈЦА КРУЖОЧНИЦИ

Васил Тоциновски
Институт за македонска литература при Филолошки факултет 
"Блаже Конески" и Култура, Скопје,1997 
Димензии 20см
Број на страници 252 
ISBN 9989-32-092-6
Во книгата се поместени три студии за Ѓорѓи Абаџиев, Асен Шурдов-Ведров и Антон Великов-Беломорски, членови на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Низ нови архивски истражувања испишани се првите монографии за тројцата автори кои создаваа и се формираа во блескотното поглавје во македонската литература (Шурдов и Великов) кои и првпат се приопштуваат во македонската книжевност, а за Абаџиев е проследен непознатиот период од неговите животни и творечки врвици до 1948 година, кога и се враќа во Македонија. Трите монографски студии го заокружуваат творечкиот авторски дел на Кружокот, кој оствари трајни книжевни резултати во конститурањето и афирмацијата на современата македонска литература.