Menu

ПУЛСИРАЧКА ФИЛОЛОГИЈА

Соња Стојменска-Елзесер
Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет 
"Блаже Конески" и Култура, Скопје,1997 
Димензии 20см
Број на страници 120 
ISBN 9989-32-091-8
Книгата претставува научна монографија посветена на Михаил Бахтин и неговиот концепт на дијалогизам. Воведниот дел го прецизира опусот на овој автор, со коментар на некои дилеми околу автораството на одделни дела, како и со преглед на корелации на Бахтиновата мисла со позначајните книжевно-теориски школи. Теориско-методолошките начела на Бахтин во оваа студија се разгледуваат на три нивоа: јазично, книжевно и ниво на културата во целост. Во првиот дел посветен на јазичната проблематика, попрецизно се толкуваат релациите: исказ-реченица, говор-јазик и металингвистика-лингвистика, како и проблемите на говорната интеракција, односно дијалогот, туѓиот говор, двогласниот говор и говорните жанри. Вториот дел се задржува врз три проблемски подрачја: сфаќањето на Бахтин на науката за литературата како естетика на јазичното творештво; потоа, неговата теорија на романот и неговиот придонес во инаугурирањети и развивањето на историската поетика. Во култиролошкиот сегмент се разгледуваат нијансите во поимањето на интерсубјективноста и интертекстуалноста и сфаќањата на Бахтин за местото и улогата на книжевната наука во општо-хуманистичката сфера.