Menu

СКРИПТОРСКИ ЦЕНТРИ ВО СРЕДНОВЕКОВНА МАКЕДОНИЈА

Ѓорги Поп-Атанасов, Илија Велев и Маја Јакимовска-Тошиќ
Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет 
"Блаже Конески", Скопје,1997 
Димензии 24см
Број на страници 390 
ISBN 9989-663-39-4
Монографски труд за средновековните скрипториуми во Македонија, во кои главно се одвивале книжевните процеси во периодот меѓу IX и XVIII век. Трудот зафаќа презентирање на поглавни и поактивни досега идентификувани скрипторски центри распространети низ целиот етнички простор на Македонија. Секој застапен скрипториум е обработен како посебна целина, а во секоја од нив се предаваат и изворните записи и натписи како сведоштво за евидентната активност.