Menu

ОТВОРЕН КРУГ (поетиката на романите на Ташко Георгиевски)

Лорета Георгиевска-Јаковлева
Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет 
"Блаже Конески" и Култура, Скопје,1997 
Димензии 20см
Број на страници 115 
ISBN 9989-32-092-6
Романите на Т. Георгиевски се разгледуваат од аспект на поетиката на прогонот и тоа на неколку рамништа: воведување на т.н. „егејска тема“ во македонската романсиерска продукција, тематско-мотивски особености (мотивите; селидби, враќања, насилство, љубов), трансформација на историската граѓа, основните наратолошки инстанци во градењето на поетиката на прогонот. Се разгледува процесот преку кој, со имагинацијата и креативниот талент, историската граѓа се вообличува во симболички слики со универзално, општочовечко значење. Од друга страна се толкува процесот со кој историските факти ги вообличуваат композициските елементи, како на пример гледата точка на нараторот, која се наоѓа меѓу бегалците и оттаму го води дејствието. Таквата позиција на раскажувачот овозможува доживување на просторот како поделен: „свој“ и „туѓ“, што од своја страна овозможува групирање на ликовите во два света: бегалци и останати, најчесто претставници на власта.