Menu

КИРИЛОМЕТОДИЕВСКАТА ТРАДИЦИЈА И КОНТИНУИТЕТ

Илија Велев
Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет 
"Блаже Конески" и Култура, Скопје,1997 
Димензии 20см
Број на страници 344 
ISBN 9989-32-088-8
Книгата го прикажува континуитетот на историскиот развој на македонската книжевност од кирилометодиевскиот период, па сè до преродбенските пројави. Во истражувањата се фрла нова светлина врз изворните идеи на Моравската мисија и врз дејноста на светите Кирил и Методиј, како и на улогата на нивните ученици и следбеници светите Климент и Наум Охридски врз развитокот на словенската цивилизациска свест во Македонија и пошироко во јужнословенските средини. Низ содржината провејуваат и студии за книжевното наследство на македонските скрипториуми и книжевни дејци, за развитокот на дел од жанровскиот систем како и за кирилометодиевската традиција и континуитет во XIX век.