Menu

ВОСЬМОЕ ЧУДО СВЕТА

Document 18Јордан Плевнеш
Марија Проскурнина - превод од македонски на руски јазик
МАГ „Из века в век“, Москва и Институт за македонска литература, Скопје 2010
Димензии 17 см
Број на страници 128
ISBN 978-9989-886-80-5

 

 

Романот Осмото светско чудо на истакнатиот македонски драматичар Јордан Плевнеш е синтетизирано прозно остварување кои ги обединува сите претходни негови дела. Со темите и идеите кои ги наративизира, романот претставува интересно и провокативно четиво и надвор од границите на Република Македонија. Обработувајќи теми кои се актуелни во светски рамки, какви што се глобализацијата, односите на моќ, културната доминација и културната стигматизација, улогата на културните империи во глобалниот развој на светот, транзицијата, како и улогата на македонското културно наследство во светските културни придобивки, романот на Плевнеш ја актуелизира горечката тема на идентитетите и нивното обмислување. Преведувач на романот е д-р Марија Проскурнина, научен работник во Институтот за славистика при Руската академија на науките и истакнат македонист. Нејзиното одлично познавање на македонскиот јазик е гарант за успешноста на преводот.

Издание на Институтот за македонска литература во Скопје, 2011 година