Menu

МАКЕДОНСКО-СЛОВАЧКИ КОМПАРАТИВНИ СОГЛЕДБИ

Document 14Звонко Танески 
Институт за македонска литература, Скопје 2012
Димензии 23 см
Број на страници 367   
ISBN 978-9989-886-89-8
Цена 300,00 ден.

 

 

Eминентно компаратистичка и книжевно-научна книга, која ќе има пошироко културно и политичко значење за подобро меѓусебно запознавање на македонскиот и словачкиот народ чии односи датираат уште од времето на кирилометодиевската мисија во Словачка. Книгата содржи компаративни студии, потоа критички статии, рецензии, огледи, анализи, есеи, осврти и белешки за словачкиот и македонскиот литературен развој, за рецепцијата и интерпретацијата на книжевни дела во двата  книжевни и културни контексти. Темите на текстовите се од областа на македонската и словачката современа поезија. Предноста, вредноста и актуелноста на текстовите се состои, пред сe, во тоа што тие дејствуваат, влијаат во две социокултурни средини, бидејќи се пишувани, преведувани и објавувани на двата јазика – на македонски и на словачки. Авторот Звонко Танески со оваа своја научно втемелена монографија, остварува двојна афирмација: на македонистиката во Словачка, од една, и на словакистиката во Македонија, од друга страна. Книгата е промовирана на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, која се одржа во јуни 2012 во Охрид, потоа во Амбасадата на Р Словачка во Р Македонија, на покана на словачкиот амбасадор д-р Роберт Кирнаг (11 септември 2012) од промоторите д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и д-р Соња Стојменска-Елзесер и на Словачката академија на науките во Братислава (14 ноември 2012).