Menu

ЛИТЕРАТУРНИ СТУДИИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ / LITERARY STUDIES OF MACEDONIAN IDENTITY

Document 11Валентина Миронска-Христовска 
Институт за македонска литература, Скопје 2012
Димензии 21 см
Број на страници 166/160   
ISBN 978-9989-886-91-1
Цена 300,00 ден.

 

 

Двојазично издание (македонско-англиско) кое содржи десет студии во кои не се тргнува од теоретски аспект, туку во нив македонскиот идентитет се проследува преку: литературните творби, културната традиција, политичките текови т.е. преку процеси и настани кои извршиле влијание врз неговиот развој и опстојба. Книгата започнува со текстот во кој се проследува неканонското укинување на Охридската архиепископија со што бил нанесен најдиректен удар врз македонскиот идентитет и било отворено македонското прашање. Наспрема грчката асимилаторска политика во 19 век, до 50-те години на 19 век наднационалниот идентитет Словен бил пред националниот идентитет Македонец, за што станува збор во текстовите за панславизмот т.е. словенофилството и за политиката на Русија наспрема Македонија. Самобитноста т.е. посебноста на македонскиот идентитет е проследена преку паралелите со балканските идентитети, преку литературните творби од 19 век, фолклорната и културната традиција, преку националните икони од 19 век кои се вградени во македонскиот идентитет, преку опстојбата и покрај егзодусот на јунаците на Ташко Георгиевски и завршниот текст „Меѓу политиката и вистината“, за наметнатиот спор за македонското име.