Menu

КОНЕСКИ И ФОЛКЛОРОТ

Document 15Ана Мартиноска
Институт за македонска литература, Скопје 2012
Димензии 23 см
Број на страници 303   
ISBN 978-9989-886-90-4
Цена 300,00 ден.

 

 

Книгата се темели на докторскиот труд со истиот наслов одбранет на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Во неа се опфатени повеќе релации меѓу Блаже Конески и македонското народно творештво, почнувајќи од неговата ars poetica и неговите есеи и публицистички прилози посветени на теми од народната литература, преку неговите научни, стручни и критичко-есеистички дела од сите филолошки области во кои делува (лингистички, историско-литературни и др.) во кои ја допира сопствената врска со фолклорот. Прикажувајќи ги неговите фолклористички заслуги во однос на собирање, објавување и проучување на македонскиот фолклор, Конески e определен како еден од првите македонски фолклористи. Неговата систематска активност на ова поле се толкува и преку доминантните теоретски доктрини на времето во кое живее, рускиот формализам и структурализам, како и интертекстуалноста и литературната фолклоризација, преку кои се проследува и дел од поетското творештво на Конески во кое можат да се следат трагите на колективното наследство. Книгата опфаќа и поглавје посветено на културолошки промислувања и лоцирање на Конески како клучна