Menu

ИДЕНТИТЕТ(И) / IDENTITIES

Document 7Лорета Георгиевска-Јаковлева
Институт за македонска литература, Скопје 2012
Димензии 21см
Број на страници 262/195   
ISBN 978-9989-886-96-6
Цена 300,00 ден.

 

 

Во ова двојазично издание на македонски и англиски јазик, авторката Лорета Георгиевска-Јаковлева трага по начините и факторите што условуваат прифаќање на одредени ментални слики, а отфрлање на други. Тоа пак подразбира формирање на одреден систем на вредности, според кои, поединците или колективот, го прилагодуваат своето однесување. Имајќи го секогаш предвид ставот дека идентитетот не е статична категорија која спаѓа во доменот на есенцијалното, туку дека во одредени услови само привремено се стабилизира, авторката најчесто се посветува на елементите кои влијаат на промена на менталните претстави во услови на криза. Артикулацијата на идентитетите (при тоа од секој напишан ред произлегува ставот дека нема и не може да има само еден идентитет и дека затоа најдобро е да се говори за идентитети во плурална форма) се одвива низ преклопување, разменување и верификација со/од други идентитети. Оттука и интересот на авторката за прашањата кои поврзуваат различни аспекти на идентитетите: од прашањето за возможноста на креирање на заеднички, европски идентитет, преку прашањето за националниот и родовиот идентитет, па сe до прашањето за идентитетот на публиката/консументите.