Menu

ВИЗИОНИРАЊЕТО И НАУЧНИТЕ ИНСТИТУТИ

Document 16Сарита Трајанова
Институт за македонска литература, Скопје 2012
Димензии 23 см
Број на страници 200   
ISBN 978-9989-886-95-9
Цена 300,00 ден.

 

 

Станува збор за дебитантска книга, која се темели на одбранет магистерски труд на истата тема на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Книгата на посреден начин е поврзана со дејностите на научните институти и има за цел поттикнување на промоцијата на науката и културата во меѓународни рамки, воспоставување ефикасен менаџмент во науката и како крајна цел подобрување на остварувањата на научните институти. Визионирањето се претставува како особено вредно средство во процесот на стратешко размислување, чија основна цел е да се востановат темелните, клучните планирачки вредности – Визија, Мисија и Стратегија. Акцентот е ставен на човечките истражувачки ресурси, на нивните знаења, вештини, способности, мотивација, креативност, односи со корисниците, затоа што само систем кој е подготвен одвнатре може да се справи со промените. Споделената визија, освен како основа за поединечни и севкупни остварувања на научните институти, се потенцира како особено значајна претпоставка за нивно успешно претставување на светско глобално ниво.