Menu

ПРЕРОДБАТА И МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ

Valentina knigaВалентина Миронска-Христовска
Институт за македонска литература, Скопје 2013
Димензии 21см
Број на страници 313
ISBN 978-9989-886-99-7
Цена 300,00 ден.

 

 

Книгата е посветена на преродбата и македонското прашање, како две судбински нешта на македонскиот народ, како стожерни одредници за македонската културна традиција и за македонската национална самобитност. Преродбата го отвори патот на македонската вистина, на македонското гледиште. Македонското прашање ја нурна Македонија во политичките превирања на големите сили кои до ден-денешен не ѝ даваат мир. Предизвикот на авторката е да се просветли, дообјасни и разбере состојбата во 19. век, како и последиците од овој важен период во македонската историја. Книгата е составена од дваесет и два текста поделени во два дела. 

Во првиот дел, Процеси, движења, идологии, се застапени темите за тоа што и кој ја решавал македонската судбина: природното право или политичката моќ? Дали македонските митови, народните наративи, македонската вистина и социеталната безбедност се немоќни пред политичките одлуки за укинување на Охридската архиепископија, одлуките од Букурешкиот мировен договор како последица на балканските војни, чии почетоци, авторката ги означува во 19. век и во судбоносната деценија за Македонија  - 1903-1913 година.  

Во вториот дел, Личности, дела, пораки, се застапени великаните кои не дозволија да заборавиме кои сме, кои втиснаа вечни траги по кои се развивал македонскиот идентитет и кои оставија завештанија за нашата опстојба за ука и поука за навек, како Димитрија Миладинов, Григор Прличев, Евтим Спространов, Јосиф Ковачев, Арсениј Јовков, Кирил Николов, Кочо Рацин, Гане Тодоровски, Симон Дракул. На крајот од книгата застапени се текстови за изданијата на Гане Тодоровски, Блаже Ристовски и Горан Калоѓера поврзани со овие прашања.