Menu

НАРОДНАТА КУЛТУРА ВО ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ

Kniga Ljube CvetanovskiКнигата „Народната култура во документарниот филм“ претставува постхумно објавен магистерски труд на авторот Љубе Цветановски. Оваа книга е придонес кон истражувањето на документарниот филм како досега помалку истражувано подрачје од нашата национална култура. Во воведното поглавје, Цветановски укажува на богатството на македонската народна култура, истакнувајќи ги вредностите на народните песни, приказни, обичаи, верувања, носии и другите форми на духовната и материјалната култура. Книгата содржи неколку поглавја: „Развој на документарниот филм“, „Документарни филмови со етнографска фактура“, „Камерата е молив и бележник“, „Појавата на документарниот филм во Македонија“, „Милтон Манаки како најистакнат филмски регистратор на македонската традиција“, „Предвоена македонска документаристика“ и „Анализа и осврт на покарактеристи филмови“. Во заклучокот кон овој труд авторот истакнува дека филмовите снимени од истражувачи што го познаваат народното творештво се добра основа за понатамошни истражувања на македонскиот документарен филм. На крајот од книгата е даден Каталог на националниот филмски фонд, во кој има податоци за 69 филмови.