Menu

КУЛТУРНИ ПАРАДОКСИ / CULTURAL PARADOXES

Ana Martinoska angl.2    A.Martinoska mk. str.1

Ана Мартиноска: Културни парадокси (Родот, етницитетот и идентитетот во фолклорот и литературата) / Cultural Paradoxes (Gender, Ethnicity and Identity in Folklore and Literature)
Институт за македонска литература, Скопје 2014
Димензии 21см
Број на страници 177/168
ISBN 978-608-4744-02-3
Цена 300,00 ден.

Книгата „Културни парадокси (Родот, етницитетот и идентитетот во фолклорот и литературата)“ / "Cultural Paradoxes (Gender, Ethnicity and Identity in Folklore and Literature)" од Ана Мартиноска е двојазично издание, на македонски и англиски јазик, во кое е направен избор од текстови кои сведочат за научниот интерес на авторката во изминатите десетина години. Во нив, таа ги изложува своите размислувања за повеќе актуелни теми од областа на културолошките, книжевните и фолклористичките студии, проследени со примери од фолклорот и современата литература. Оската која ги поврзува научните трудови се категориите на родот, етницитетот и идентитетот. Тие се разгледуваат како своевидни културни парадокси, поставени меѓу сличностите и разликите, меѓу општите места и посебностите, меѓу фиксираните позиции и трансформациите, меѓу различните простори, различните временски периоди, различните култури и културни традиции во кои егзистираат. Трудовите се создавани по различни поводи и се презентирани на научни собири и конференции во неколку универзитетски средини (Унгарија, Романија, Турција, Естонија, Хрватска и др.).