Menu

КУЛТУРНАТА ПРЕРОДБА ВО ПРИЛЕП ВО XIX ВЕК

Kulturnata prerodba vo Prilep2 

 

  Славчо Ковилоски: Културната преродба во Прилеп во XIX век
  Институт за македонска литература, Скопје 2015
  Димензии 21см
  Број на страници 200
  ISBN 978-608-4744-03-0
  Цена 300,00 ден.

 

 

 

Оваа книга на м-р Славчо Ковилоски се однесува на културните случувања во Прилеп во XIX век. Книгата е поделена во неколку поглавја: „Општествено-политичките прилики во Прилеп во XIX век", „Носители на преродбата во Прилеп", „Просветата во Прилеп (машки и женски училишта, неделно училиште, читалиште)", „Прилепските автори од XIX век", како и творештвото на книжевниците кои биле родени во Прилеп и твореле и дејствувале во XIX век. Што се однесува до прилепските автори пишувале патописи, песни, статии кои биле објавувани во тогашната периодика, а некои од нив објавиле и книги и учебници. Прилепското авторство, во најголемиот дел, е експресивно и револуционерно по својот карактер. Тоа се одликува и со извесни уметнички квалитети зад кои се наоѓаат мноштво статистички податоци, корисни за создавање на една општа слика за животните прилики во Прилеп и околината, но и Македонија воопшто. Авторите кои се предмет на анализа се: Марко Цепенков, Јордан Хаци Здравев, Ѓорче Петров, Коне Самарџиев, Григор Алексиев, Пантелеј Баџов, Георги Трајчев, Јордан Иванов, Тодор Кусев, Никола Каранџулов, Хаџи Костадин Динков, Димитар Мирчев. Погоре наведените автори со нивните дела даваат слика за прилепската книжевност во XIX век.