Menu

(НЕ)СЕКОЈДНЕВНИ ЉУБОПИТСТВА Соња Стојменска-Елзесер

Sonja

Институт за македонска литература, Скопје, 2018
Димензии 21см
Број на страници 275
ИСБН 978-608-4744-13-9
Цена 300,00 ден.

Оваа збирка книжевни критики и есеи опфаќа 27 единици организирани во четири сегменти. Првиот сегмент Основни... (се подразбира љубопитства) опфаќа три текста од поопшт карактер и со основните преокупации на книгата, а тоа се книжевноста и книжевната критика денес и релацијата на книжевноста со реалниот живот на авторите, односно со нивното искуство. Втората група текстови Македонски... (љубопитства) ја сочинуваат две попродлабочени есеистичко-критички студии – за библиските алузии во романот и за социјалната инспирација во поезијата, како и критички осврти за авторите Владимир Јанковски, Александар Прокопиев, Димитар Солев и Ацо Шопов. Третата група љубопитства Славистички... вбројува текстови за Вацлав Хавел, Диониз Ѓуришин, Џо Лангер, потоа за антологиското претставување на современата руска поезија на македонски јазик и за стереотипот на руската душа, како и текстови за писатели од Хрватска (Јасна Хорват и Виктор Жмегач) и од Србија (Владислав Бајац). Меѓу славистичките љубопитства се вбројуваат и полските автори Хенрик Сјенкиевич и Агата Тушињска. Четвртата и последна група Светски... љубопитства се занимава со одделни наслови на автори од различни културно-јазични сфери, како што се: Алберто Моравија и Елса Моранте, Гарсија Маркес, Херман Хесе, Вилхелм Буш, Марк Твен, Џозеф О’Нил и Ласло Краснахоркаи.