Menu

КУЛТУРНА ФАБРИКА (Огледи за родот, градот и популарната култура) Ана Мартиноска

A. Martinoska-korica

Институт за македонска литература, Скопје, 2018
Димензии 21см
Број на страници 304
ИСБН 978-608-4744-14-6
Цена 300,00 ден.

Книгата е збирка од над 80 кратки огледи на родови и културолошки теми. Поделена е во 3 поглавја: Белешки за родот, сексуалноста и слободата на избор; Потрага по уметноста и убавината на урбаното живеење; Приказни за другата страна на популарната култура. Целта на книгата е преку осврт на разни културни жанри – книги, изложби, театарски претстави, медиумски содржини и производи на мас-културата да проговори за некои премолчувани теми во нашето општество, како и за болките и предизвиците на современото живеење. Огледите од областа на родот, сексуалноста, уметноста и популарната култура се слика за постоечките состојби во нашата земја во минатата деценија и простор за отворање на нови погледи и перспективи, со цел да предизвикаат критички дијалог на авторите, критиката и публиката, но уште повеќе и дијалог со себеси, нашите ограничувања и предрасуди.