Menu

КУЛТУРА И ДИЈАЛОГ: СРЕДНОВЕКОВНИ КНИЖЕВНИ КОНТЕКСТИ Маја Јакимовска-Тошиќ

kniga Maja

Институт за македонска литература, Скопје, 2018
Димензии 25см
Број на страници 221
ИСБН 978-608-4744-12-2
Цена 300,00 ден.

Kонцептот на изданието обединува три тематски подрачја кои проследуваат одредени сегменти од средновековната литература продуцирана на македонски терен, но и во пошироки византиски и сесловенски рамки, која во долг временски интервал се создавала преку специфичната феноменологија на религиозните доживувања, со своја карактеристична естетика и поетика, и била плод на пошироката културно-историска стварност. Првиот тематски блок го сочинуваат студиите поврзани со навраќањето и афирмацијата на светителските култови на св. Методиј Солунски, и на св. Климент Охридски низ различните облици на нивно распространување. Вториот тематски блок ги обединува студиите за Св. Јован Владимир и еремитските светители од периодот на Самоиловото царство – како обединувачки култни претстави за балканскиот и јужнословенскиот духовен и културен простор. Третиот тематски блок ги опфаќа студиите кои ги тангираат стредновековните книжевни приближувања и интеркултурни комуникации на релацијата македонско-руски,  македонско-хрватски и македонско-словачки културни врски.