Menu

ИДЕИТЕ И ПРОЦЕСИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРНА ТРАДИЦИЈА Валентина Миронска-Христовска

Valentina M.Hristovska - Makedonskata kulturna tradicija korica-2

Институт за македонска литература, Скопје, 2019
Димензии 24 см
Број на страници 304
ИСБН 978-608-4744-17-7
Цена 300,00 ден.

Книгата ги прикажува културните врски меѓу јужнословенските односно балканските народи и претставува една согледба за развојот на македонската културна мисла. Студиите во оваа книга се систематизирани во три поглавја. Во првото поглавје „Културни приближувања“ се застапени текстовите за панславизмот, илиризмот, федерализмот, потоа преку  компаративни согледби се проследени македонскиот и словачкиот преродбенски процес, Кирилометодиевската традиција во македонската и словачката културна традиција во 19. век. Следуваат студии за македонско-хрватските книжевно-културни релации во 19. век, македонско-црногорските културни врски од крајот на 15 и почетокот на 16 век, во контекст на поводот од 550 години од отворањето на првата книжарница на Кара Трифун во Скопје. Во второто поглавје „Идејни и тематски преокупации“ застапени се текстови за Кирилометодиевската традиција и нејзиното значење во средновековниот и во преродбенскиот период, за образовните и културните процеси не само кај македонскиот народ туку кај сите словенски народи. Во истово поглавје се проследуваат тематските преокупации во македонскиот литературен 19. век; мотивот слобода во македонските преродбенски творби; значењето на жената во литературните творби во 19. век и развојот на критичката мисла во 19. век. Во третото поглавје „Одгласи од минатото“ застапени се текстовите за творештвото на културната икона - Антон Панов; на Коле Неделковски; на повеќе македонски современи автори во чие творештво се чувствуваат рефлексиите од минатото. На крајот се текстовите за македонскиот идентитет во услови на глобализацијата; за новиот систем на мислење и за просветителството, кое како мисловно и прогресивно движење се согледува како во минато така и во сегашноста.