Menu

ОД ПРЛИЧЕВ ДО КОНЕСКИ Славчо Ковилоски

Slavco2

Институт за македонска литература, Скопје, 2020
Димензии 21 см
Број на страници 228
ИСБН 978-608-4744-19-1
Цена 300,00 ден.

Книгата ги проследува авторите, делата и процесите во македонската книажевност почнувајќи од Григор Прличев во 19. век, па се до Блаже Конески во 20. век.
Првиот дел се однесува на конкретни дела: Правилниците на Царевна Миладинова-Алексиева“, „Ракописот Рамноправноста на жената од Методиј Кусевич“, двете студии за активностите на Коста Групчев и тоа едната во врска со весникот „Цариградски гласник“, и втората студија во која се проследени неговите културолошки заложби преку објавувањето на првиот македонски туристички водич.
Вториот дел се однесува на авторите: „Записите на Кузман Шапкарев за машко-женските односи и македонското обичајно право“,„Григор Прличев и неговите слова за доброто и за спасот на душата“,„Лазар Поп Трајков како есеист“, „Македонскиот патописец од XIX век, Јаким Деребанов“, „Запис за Крсто Бинев (Андонов) (по повод од 100 годишнината од неговата смрт)“, „Стефан Н. Аврамов како хронолог на револуционерните борби во Азот (Велешко) и Поречието“, „Христо Чучков како извор за историјата на Велес“, „Повторно навраќање на поетот и револуционер Рацин“
Третиот дел се однесува на проследување процеси во македонската книжевност: „Љубовта во писмата на неколку македонски револуционери“, „Книжевно-историскиот однос на Рацин кон богомилството“ и „Родниот крај како инспирација за Блаже Конески“.
Со објавувањето на оваа книга се надополнуваат страници од македонската книжевност со нови автори и дела, кои во иднина ќе придонесат за унапредување на македонската книжевна историја.