Menu

РЕТОРИКА НА ЉУБОВТА - група автори

New Реторика на љубовтаИнститут за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 20см
Број на страници 202
ISBN 9989-886-27-Х
Цена 250,00 ден. 

Содржина: Александар Прокопиев: Нереторична воведна белешка: стр. 7-18. – Јасмина Мојсиева-Гушева: Девијантен еротизам: стр. 19-46. – Амелија Личева: Димензиите на љубовта: женскиот глас во епохата на ренесансата и класицизмот: стр. 47- 62. – Александар Јерков: Љубовта која би го исполнила светот – потрага по неможното: стр. 63-86. – Јасна Котеска: Еден во парот: стр. 87-108. – Клео Протохристова: Нарцис и Ехо, или метаморфозите на епистемата: стр. 109-130. - Јасмина Мојсиева-Гушева: Мајчинството како парадигма за безгранична љубов: стр.131-150. – Јасна Котеска: Желбата во и желбата на македонскиот постмодернизам: стр. 151-170. – Емилија Мајсторова: Љубовта како заеднички именител на две апартни поетики: стр. 171-182. – Борислав Павловски: Сонот за куќа: стр. 1830190. – Африм А. Реџепи: Трагичен ерос или потрага по хармонија: стр. 191-200. Целта на оваа монографија за љубовта е да го прошири полето на размислување, согледување и расветлување на сложените книжевни и културни процеси на комплексниот геополитички простор на Балканот. Затоа во неа се вклучени истражувањата за бројни балкански автори чии дела се согледувани во поширок поетички контекст од националниот. Компаративното проследување на дадениот феномен овозможи откривање нови интересни естетски димензии. Монографијата со презентираните сознанија, дејствува во насока на афирмација на Љубовта како креативен spiritus movens на балканските книжевни простори.