Menu

ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО СКОПЈЕ И СКОПСКО

Korica Kulturno nasledstvo-1

Зборник на трудови од конференцијата „Популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско“ (Институт за македонска литература, Марков манастир „Св. Димитрија“, 11 и 12 април 2019)
Уредници: Илија Велев, Маја Јакимовска-Тошиќ

Институт за македонска литература, Скопје, 2020
Димензии 24см
Број на страници 161
ИСБН 978-608-4744-18-4
Цена 300,00 ден.

Зборникот Популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско се објави со материјална поддршка на градот Скопје и Министерството за образование и наука на РС Македонија.
Изданието содржи осум (8) трудови, кои го потенцираат значењето на културното наследство во Скопје и Скопско. Во поглавјето Културолошки практики на мобилност застапени се следниве автори:
Ѓоко Ѓорѓевски: РЕЛИГИСКИОТ АСПЕКТ НА САКРАЛНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО СО ОСВРТ НА СКОПЈЕ И СКОПСКО
Валентина Миронска-Христовска: КНИГИТЕ КАКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО БИБЛИОТЕКИТЕ И ЧИТАЛИШТАТА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ (XVI-XIX ВЕК)
Сарита Трајанова: УЛОГАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ВО ЗАШТИТАТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО (НА ТЕРИТОРИЈАТА
НА СКОПЈЕ)
Славчо Ковилоски: ПРЕГЛЕД НА МАТЕРИЈАЛНАТА И ДУХОВНАТА КУЛТУРА ВО СКОПСКА БЛАТИЈА
Валентина Поцеска: ТРЕТМАНОТ НА АРХЕОЛОШКОТО НАСЛЕДСТВО ВО СКОПЈЕ
Нада Андоновска: НЕМАТЕРИЈАЛНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И НЕГОВАТА СОЧУВАНОСТ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКО

Во поглавјето Проектна интеракција се презентирани научните трудови на главните истражувачи во проектот:
Маја Јакимовска-Тошиќ: МАРКОВИОТ МАНАСТИР „СВ. ДИМИТРИЈА“ – ЗНАЧАЈНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА ГРАДОТ СКОПЈЕ
Илија Велев: ДУХОВНИТЕ И КУЛТУРНИТЕ ЦЕНТРИ НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА

Очекуваните ефекти од Зборникот се: истакнување на позитивни примери од практиката во заштитата на културното наследство во скопскиот регион, развивање свест за заштитата и значењето на културното наследство, како и негова афирмација. Изданието донесува препораки за посистематизирана заштита на културното наследство, како и за унапредување на заедничката координација помеѓу чинителите во процесот на заштитата на културното наследство, а тоа се професионалната средина, институциите од областа на културата, градот и локалната самоуправа, владините институции и јавноста.

Од воведните напомени за Зборникот

 

Преземете го Зборникот >>>