Menu

Културна одржливост и културна политика

Предметен професор: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева

Цели на предметот
Запознавање со: различните практики на културните политики и со процесите во кои културата може да се третира како четврт столб на одржливиот развој; добрите практики во кои културата е алатка која го поттикнува одржливиот развој во економијата, општестеството и природната средина; политиките за одржливост на културата; врските помеѓу културните политики, идентитетите, мемориите, културното наследство; јавното влијание и дејствувањето на непрофитните организации.
Стекнување компетенции за: развивање на јавни културни политки кои придонесуваат за промовирање на културниот идентитет, културната различност и одржливиот развој; интервенции во културните политки со цел културата да стане значаен фактор во развојот на економијата, општествената кохезија и сочувување на природната средина.

Содржина на предметот

  • Културни потреби (видови, развој, перспективи);
  • Културата како четврт столб на локалниот, регионалниот и глобалниот одржлив развој;
  • Културната политика и општествената кохезија: културни мемории (меморијата и политиката, заборавено минато, судрени мемории, трауматични искуства, меморијата и идентитетот) и културно наследство (право на културно наследство, заштита на културното наследство, културното наследство и туризмот)
  • Културна политика и културен туризам
  • Економика на културата (финансирање на културата, пазарно суфицитарни и пазарно дефицитарни дејности)
  • Планирање на културниот развој (одржлив културен развој, чувство за место, пејзаж, градот и културните политики, децентрализација на културата,
  • Културната политика и медиумите
  • Дифузија на културата (основни облици, изложби, сценски облици, трибини, манифестации)
  • Одржлив развој на културата: планирање и политики на развој на културата

Основна литература
Hawkes, J. 2001. The fourth pillar of sustainability:culture's essential role in public planning, Common Ground Publishing Pty Ltd in association with the Cultural Development Network; 2005, Common ground, Melbourne
Duxbury, N. and Gillette, E. 2007. Culture as a key dimension of sustainability. Creative city network of Canada. Centre for expertise of culture and community
Група автори. 1997. In from the margins:A contribution to the debate on culture anddevelopment in Europe, Council of Europe Publishing
http://www.coe.int/t/dg4/cultureheritage/culture/resources/Publications/InFromTheMargins_EN.pdf

Дополнителна литература
Шиповиќ, Д. 2011. Извештај за образование и одржлив развој во РМ, http://enjoined.edupolicy.net/files/MK_mk_ESD.pdf
Dragicevic Sesic, M. 1994. Kultura, Menadjment, Animacija, marketing, Beograd, Clio.
Prnjat, Branko. 1986. Kulturna politika i kulturni razvoj, Beograd, Savremena administracija.