Menu

Културна индустрија, културен маркетинг, културен менаџмент

Предметен професор: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева

Цели на предметот
Развивање на знаења за: културата како значаен фактор на економскиот развој, културната анимација, културниот маркетинг и културниот менаџмент; креативноста како моќен поттикнувач на знаења и идеи за општествена благосостојба и богатство.

Содржина на предметот:

  • Поимите креативни и културни индустрии;
  • Креативната уметност и граѓанскиот хуманизам;
  • Граѓанинот и потрошувачот: слободата и удобноста;
  • Потрошувачката и идентитетот;
  • Политика на културните индустрии: креативни идентитети, креативни практики, креативни градови, креативни претпријатија, креативни економии;
  • Маркетинг во културата (маркетинг на институциите на културата, фази на работа, цели на маркетиншката дејност);
  • Менаџмент на книги, театарски менаџмент, музички менаџмент, ликовен менаџмент, менаџмент на културното наследство, менаџмент на културните центри

Основна литература:
Hartli, D. 2007. Kreativne industrije, Beograd, Clio
Caves, R. 2000. Creative Industries: Contratcts between Art and Comerce, Kembriidz, Harvard University Press.
Група автори. 2009. Мапирање на креативните индустрии во Република Македонија, Проект на Министерството за култура на РМ и Британскиот совет
Дополнителна литература:
Zbornik, 2013. Kulturne industrije i kulturna raznolikost 2, Beograd, Akademica.
Hesmondhalgh, D. 2002. The Cultural Industries, 3..London, Thousand Oaks, CA and New Delhi: Sage
Prnjat, B. 1986. Kulturna politika I kulturni razvoj, Beograd, Savremena administracija.