Menu

Културни идентитети

Предметен професор: д-р Јасмина Мојсиева-Гушева

Цели на предметот
Запознавање со поимот идентитет, неговиот развој и улога од антиката до современите општествени системи, лични и колективни модели на однесување и егзистенција.

Содржина на предметот

  • Проблемот на идентитетот (развојна историја на  поимот идентитет: културолошки и социолошки приод кон идентитетот, историскиот идентитет и колективната меморија, културни разлики/разновидности);
  • Идентитетот и културата на исхрана;
  • Идентитетот и јазикот;
  • Културниот идентитет и религијата;
  • Идентитетот  низ призмата на Другиот (Дијалог со Другиот);
  • Дијаспората и идентитетот;
  • Идентитетот и родот;
  • Кризата на идентитетот во транзиција;
  • Идентететот во услови на глобализација.

Основна литература
Mојсиева-Гушева, Ј. 2008. Симбиотички стратегии, Скопје, ИМЛ
Mојсиева-Гушева, Ј. 2010. Во потрага по себеси, Скопје, ИМЛ
Edited by Woodward, K. 2002. Identity and Difference, London, Califonia, New Delhi SAGE Publications.

Дополнителна литература
Група автори. 2002. Културен идентититет - разлика во себе , Скопје, Темплум
Castelells M. 2002. Moć identiteta, Zagreb, Golden marketing
Barry B. 2006. Kultura i jednakost, Zagreb, Naklada Jasenski i Turk.