Menu

Културните предизвици на глобализацијата

Предметен професор: д-р Ана Мартиноска

Цели на предметот
Да се усвојат основните поими и термини на процесот на глобализација, да се проследи развојот на овој универзален феномен и начинот на кој тој се рефлектира врз современата култура, медиуми и јавност

Содржина на предметот

  • Вовед во доминантните теориски интерпретации за културната глобализација;
  • Поврзаност на културната со економската, политичката и социјалната димензија на глобализацијата;
  • Глобализација и глобална култура– ставови pro et contra;
  • Јакнење и ширење на културните текови ширум планетата, односно создавање на мрежа на заемни културни врски и влијанија;
  • Хомогенизација и изедначување на популарната култура со потпис на западната индустриска култура, односно т.н. процес на американизација или вестернизација на светот која ги уништува помалите и позагрозените култури;
  • Улогата на медиумите во културната глобализација;
  • Kористење на јазиците во меѓународната комуникација;
  • Глобална видливост на културата со помош на интернет и останатите технолошки достигнувања;
  • Интернационализација на уметноста;
  • Koнфронтација на глобалното и локалното;
  • Културни идентитети и разлики;
  • Културните предизвици на глобализацијата.

Основна литература
B. Stager, M. 2005. Globalizacija, Sarajevo, Šahinpašić
Tomlinson, J. 1999. Globalization and Culture, Cambridge, UK
Freeman, C. 2010-2012. Analyzing culture through globalization, vo Handbook of Cultural Sociology, London and New York,Routledge

Дополнителна литература
Vuletić, V. 2006. Globalizacija – Aktuelne debate, Zrenjanin, Gradska narodna biblioteka „Žarko Zrenjanin“
Senet, R. 2007. Kultura novog kapitalizma, Beograd, Arhipelag
D. Bielby, D. 2010, 2012, Glozalization and cultural production, vo Handbook of Cultural Sociology, London and New York, Routledge