Menu

Културно-историските процеси во 19 век

Предметен професор: д-р Валентина Миронска-Христовска

Цели на предметот
Согледба на општествено-политичките прилики на Балканот и во Европа, на културните проекти преку кои била спроведувана нивната геополитика, на македонскиот културен и национален развој наспрема политичките стремежи на балканските и европските сили, на позитивните и негативните  придобивки од просветителската идеологија и револуционерните процеси и сл.

Содржина на предметот
Имплицирање на општествено-политичките текови во културата; Укинувањето на Охридската архиепископија; Појавата на идеите за панславизам, илиризам, Балканска федерација; Придобивките од просветителската идеологија; Појавата на национализмот, националниот идентитет, нацијата и државата, нацијата и литературниот јазик; Граѓанските иницијативи за ширење на масовна култура; Културниот развој преку интересот за народната литература, колективната меморија за културниот идентитет.

Основна литература
Šulce, H. 2002. Država i nacija u evropskoj istoriji Beograd, Filip Višnjić
Peri, M. 2000. Intelektualna istorija Evrope, Beograd, CliO, Beograd
Јелавич, Б. 1999.  Историја на Балканот, Скопје, Лист,
Мазовер, М. 2003. Кратка историја на Балканот, Скопје, Евро-Балкан пресс

Дополнителна литература
Миронска-Христовска, В. 2012. Литературни студии за македонскиот иднетитет, Скопје, ИМЛ.
Халет Кар, Е. 2001. Што е историјата?, Скопје, Слово.
Гелнер, Е. 2001. Разум и култура, Скопје, Слово.