Menu

Народна културна традиција

Предметен професор: д-р Марко Китевски

Цели на предметот
Запознавање со: најважните форми на народната култура, народната митологија, преплетувањето на паганските и христијанските слоеви во народната култура, богатите обичаи поврзани со животниот циклус (раѓање, свадба, погреб), како и обичаите поврзани со празниците, верувањата и суеверијата и др.

Содржина на предметот
Народна митологија, народни умотворби (поетски и прозни), народна драма, кратки фолклорни жанрови, народни обичаи, верувања и суеверија, народен календар и обичаи и верувања поврзани со него, народна медицина, технолошки обичаи, еснафски празници и др.

Основна литература
Китевски, M. 2007-2011. Македонски народни умотворби во десет книги, Скопје, Камелеон.
Пенушлиски, К. 2004. Избрани дела 1-10, Скопје, Матица македонска.
Цепенков, М. 1972. Собрани дела 1-10, Скопје, Македонска книга, Институт за фолклор.

Дополнителна литература
Китевски, М. 1997-2000. Македонска народна лирика 1, 2, Скопје, Институт за македонска литература
Тановиќ, С. 1927. Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази, Београд
Вражиновски, Т. 1998. Народната митологија на Македонците, Прилеп, Институт за старословенска култура, Скопје, Матица македонска.