Menu

Д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева

Images5CAuthors5CWriters5CLoreta20Georgievska20Jakovleva1 Интернет адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Институција: УКИМ, Институт за македонска литература – Скопје
Научно звање: научен советник/редовен професор
Потесна област на научноистражувачки интерес: компаративна литература, македонска литература, теорија на литературата, културолошки студии, родови студии
Докторска дисертација: Филолошки факултет "Блаже Конески" при УКИМ, Скопје Фантастиката, алегоријата, гротеската и македонскиот роман, 2000

Последипломски студии: Филолошки факултет "Блаже Конески" при УКИМ, Скопје
Поетиката на романите на Ташко Георгиевски,1994
Високо образование: Филолошки факултет "Блаже Конески" при УКИМ, Скопје, 1985

Високообразовна дејност
На студиската програма од трет циклус македонистика го предава предметот

  • Македонскиот историски роман

На студиската програма од трет циклус културологија ги предава предметите:

  • Културни политики, културен маркетинг и културен менаџмент, Европски идентитет(и)

На интердисциплинарните Културолошки студии во ИМЛ, УКИМ, предметен професор на:

  • Вовед во културолошките студии,
  • Имагологија,
  • Родот и културата и
  • Глобализацијата и културата.

На Државниот универзитет во Тетово, на првиот циклус студии, предметен професор на:

  • Правопис и правоговор на македонскиот литературен јазик и
  • Основи на лекторирање.

Научноистражувачки проекти

Национални проекти

Учесник:

  • Историја на македонската книжевност, ИМЛ
  • Процеси и дела на македонската литература на 20 век, ИМЛ
  • Прогонот во македонската литература, ИМЛ
  • Македонски книжевен лексикон, ИМЛ
  • Литературна дата база, ИМЛ

Главен истражувач:

  • Современиот македонски роман, ИМЛ
  • Типологија на македонската книжевност - македонскиот историски роман, ИМЛ
  • Интеркултурност и мултикултурност: Европа без граници, ИМЛ

Меѓународни проекти

Учесник:

  • Малцинствата во литературите во Југоисточна Европа по 1987 година (Полска);
  • Традицијата и континуитетот во македонско-хрватските книжевни врски, ИМЛ, Филозофски факултет при Универзитетот во Риека;
  • Филолошки белешки (ИМЛ, Универзитетите во Перм, Љубљана и Загреб);
  • Балканската слика на светот, МАНУ, ПАН;
  • Learning How to Write Effectively (COST ISO 703);
  • "Investigating Cultural Susatainability" (COST ISО 1007);
  • Literacy Development in the Humanities (Funded by the Swiss National Science Foundation, SCOPES Program).

Главен истражувач:

  • Родовите престави во литературата и културата на Балканот (проект на ИМЛ  и Филолошкиот факултет при Југозападниот универзитет "Неофит Рилски" во Благоевград, Бугарија)
  • Gender Images in Macedonian and Albanian culture and social life (Родовите претстави во македонската и албанската култура и во општественото живеење), УНЕСКО-ИМЛ (2007 – 2008)

Студиски престој:

На Универзитетот "Сорбона" во Париз.

Учество на научни собири:

Учесник е на повеќе меѓународни и национални научни симпозиуми, меѓу кои во Белград (Србија), Софија и Благоевград (Р.Бугарија), Орел и Москва (Русија), Салт Леик Сити (САД), Риека (Хрватска), Познањ (Полска), Истанбул (Турција), Јалта (Украина), Барселона (Шпанија), Лондон и Ковентри (Велика Британија), Цирих (Швајцарија), Лисабон (Португалија), Прага (Чешка), Марибор (Словенија) итн.

Монографии

  • Отворен круг (кон поетиката на романите на Ташко Георгиевски), Институт за македонска литература при Филолошки факултет и Култура, Скопје, 1997
  • Огледало на дискурсот, Институт за македонска литература, Скопје, 2000
  • Фантастиката и македонскиот роман, Институт за македонска литература, Скопје, 2001 и Алегоријата и гротеската и македонскиот роман, Институт за македонска литература, Скопје, 2002
  • Книжевноста и културната транзиција, Институт за македонска литература, Скопје 2008

Учебници

  • Македонски јазик и литература за IV година реформирано гимназиско образование, Просветно дело, Скопје, 2004
  • Компаративна книжевност за IV година реформирано гимназиско образование , Просветно дело, Скопје, 2004

Научни и стручни трудови во периодиката:

Објавила 100-тина научни трудови во периодиката.

 

Членства во научни и други професионални асоцијации

  • Друштвото за компаративна книжевност на Македонија и на Меѓународното Здружение за компаративна литература ICLA (International Comparative Literature Association).
  • Друштво на писателите на Македонија
  • Балканска мрежа за култура и културолошки истражувања

Општествени и професионални должности

  • Раководителка на судиската програма од трет циклус културологија (2011 –
  • Кораководителка на студиската програма од трет циклус македонистика (2011 –
  • Раководителка на студиите од втор циклус Културолошки студии (во книжевноста) (2008 –
  • Главна и одговорна уредничка на меѓународното списание за културолошки истражувања Култура/Culture (2011 –
  • Претседателка на Центарот за култура и културолошки студии (2012 –
  • Директорка на Институтот за македонска литература (2005 – 2011)
  • Претседателка на Организациониот одбор за одбележување на 30 годишниот јубилеј на ИМЛ (Скопје, 2011)
  • Член на Организациониот одбор на меѓународниот научен собир "Литературни дислокации" (Скопје, Охрид, 1 – 3.09.2011)
  • Организаторка на научната работилница Културолошките студии денес (2011)
  • Член на редакцискиот одбор на меѓународното списание  Russian and Foreign Philology (Scientific Journal за 2011. Issue 1(13), Perm University)
  • Рецензентка на меѓународното списание Context/Контекст 9/2011
  • Рецензентка на Zbornik radova Petog hrvatskog slavističkkog kongresa, Filozofski fakultet, Univerzitet u Rjeci, 2011
  • Рецензентка на зборникот на трудови Adventures of Culture. Cultural Studies in Local Context, Zagreb: Jesenski i Turk; (2012)
  • Член на Ректорската управа на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје (2004 – 2010)
  • Член на Советот на Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура (2004 – 2011)
  • Главна и одговорна уредничка на списанието Спектар бр.47 и 48
  • Член на редакцијата на списанието Спектар (2004 – 2007)
  • Претседателка на Советот на Институтот (2002 – 2004)
  • Претседателка на Сојузот на Друштвата за македонски јазик, литература и култура
  • Член на Комисијата за одобрување на учебници за средно образование по предметот Македонски јазик и литература во Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука, во повеќе наврати (2005);
  • Член на жири-комисијата за доделување на наградата "Роман на годината за 2005 и 2012 година
  • Член на жири-комисијата за доделување на наградата "Рациново признание" за 2010
  • Член на жири-комисијата за доделување на наградата "Расказ на годината" за 2005
  • Член на Организациониот одбор на 2008-Година на македонскиот јазик при Владата на РМ,
  • Член на Организациониот одбор на Првиот меѓународен македонистички собир во Охрид 2008 година.

Признанија

  • Плакета на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје;
  • Плакета на Универзитетот во Риека;
  • Плакета на Институтот за македонска литература – Скопје.