Menu

Д-р Јасмина Мојсиева-Гушева

Јасмина Мојсиева-ГушеваНаучно звање: научен совeтник
Интернет адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонска литература, балкански литератури, компаративна литература, културни идентитети, интеркултурна книжевна историја, магичен реализам, имагинарни структури,  трагикомика 
Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Книжевното дело на Живко Чинго

Последипломски студии: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, група македонска книжевност
Трагичното и комичното во делото на Живко Чинго
Високо образование: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје,
група општа и компаративна книжевност
Високо образовна дејност: На интердисциплинарните културолошки студии во ИМЛ, УКИМ, предметен професор на:

  • Балкански културни идентитети
  • Антрополошки структури на имагинарното
  • Магичен реализам

Превземете:
J. Mojsieva-Guseva - Balkan and the problem of Identity
J. Mojsieva-Guseva - Fenomenologijata
J. Mojsieva-Guseva - Love Expression in Macedonian Medieval Folk Poems

 

 

 

 

Научноистражувачки проекти

Главен истражувач на меѓународен научен проект:

  • Филолошки студии (Филолошки факултет при Пермскиот државен универзитет, Перм Русија; Филозофски факултет, Љубљана, Словенија; ИМЛ, Скопје, Македонија; Филозофски факултет,Загреб, Хрватска 2005-)

Учество во меѓународни научни проекти:

  • Кон прашањето на идентитетот во културите на Централна и Југоисточна Европа во епохата на глобализацијата, (Филозофски факултет –Љубљана и РАН Москва, 2003-2006)
  • Балканската слика на светот (МАНУ и ПАН, 2005-2006)
  • Свои и туѓи во балканските литератури и култури, (Оддел за словенски јазици и литератури при Универзитетот Адам Мицкиевич, Познан, Полска; Институтот за литература, Белград, Србија и Оддел за словенски јазици и литератури  Загребски  универзитет, Хрватска, Институт за литература-Софија, Бугарија 2005-2007)
  • Родови претстави во литературите и културите на Балканот, Југозападен универзитет Неофит Рилски – Благоевград и ИМЛ, Скопје, 2006-2008)
  • Традицијата и континуитетот во македонско-хрватските врски (ИМЛ, Скопје и Филозофски факултет Риека, 2007-2009)
  • Македонија и Русија/СССР(историја-политика-култура) (МАНУ, Мекедонија и РАН, Русија) (2008-)
  • Балканот и Русија: општо и заедничко во историскиот и културниот развиток. Институт за национална историја, Скопје, Мекединија и Институт за славистика, РАН, Русија) (2009-)

Учество во странски научни проекти:

  • Балкански идентитети (Институт за литература, БАН, Софија, 2001-2005)
  • Историја и литература (Универзитет во Ниш, Србија 2004-2008)
  • Литературата на крајот од XX век, (Филолошки факултет при Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“, Благоевград, 2005-2006)
  • Родовите претстави во македонската и албанската култура и во општественото живеење (УНЕСКО, 2007-2008)
  • Современи книжевни теории и нивната примена во дискурзивната пракса на книжевните теориски проучувања (Институт за книжевност и уметност, Белград, Србија, 2008-2010)
  • Мултикултуролошки книжевни теории и српската книжевна критика, (Институт за книжевност и уметност, Белград, Србија, 2011-2013)
  • FUPOL (Future Policy Modeling, FP7  work program 2012-)

 Главен истражувач на домашни научни проекти:

  • Сродности меѓу современата македонска и балканските литератури, (ИМЛ, Скопје, 2002-2004)
  • Интеркултурна историја на македонската литература (ИМЛ, 2009-2011)

Учество во домашни научни проекти:

  • Историја на македонската литература (Македонско-југословенски книжевни врски) (ИМЛ, Скопје, 1988-1997)
  • Феноменот Љубов и неговите креативни импликации во јужнословенските литератури на XX век (ИМЛ, Скопје,1997-2000)
  • Македонскaта современа проза во балкански контекст (ИМЛ, Скопје, 2001-2003)
  • Македонски книжевен лексикон (ИМЛ, Скопје, 2001-2006)
  • Книжевна компаративистика (состојби и перспективи) (ИМЛ, 2009-2013)
  • Македонски митопоетски роман (ИМЛ, 2010-2013)

Студиски престои:
Остварила повеќе студиски престои во научните институции во Хрватска (1998, 2008); Србија (1999, 2000, 2003); Бугарија (2001, 2002); Русија (2005) кадешто одржала предавања од областа на македонистиката и балканските литератури.

Учества на научни собири:
Учествувала на стотина научни собири во земјата и странство: во Скопје и Охрид (Македонија), Лидс (Велика Британија), Лисабон (Португалија), Регенсбург (Германија), Грац (Австрија), Варшава и Слубице (Полска), Москва и Перм (Русија), Баку (Азербејџан), Истанбул (Турција), Софија и Благоевград (Бугарија), Љубљана (Словенија), Белград и Ниш (Србија), Загреб и Риека (Хрватска), Цетиње и Никшиќ (Црна Гора), Сараво (БиХ).

Монографии:

  • Трагикомичното кај Чинго. 1997. Култура - ИМЛ. Скопје. стр.196.
  • Лице и опачина. 2000. ИМЛ. Скопје. стр. 209. http://twins.pmf.ukim.edu.mk/jasmina
  • Чинговата апартна поетика. 2001. ИМЛ. Скопје.стр. 312. http://twins.pmf.ukim.edu.mk/jasmina
  • Македонско-српски и српско-македонски книжевни врски (1945-1990). 2002 . ИМЛ. Скопје. стр. 356.
  • Изгубениот хуманизам. 2004. Магор. Скопје. стр.176.
  • Симбиотички стратегии / Simbiotic strategies.2008. ИМЛ. Скопје. стр. 132/122.
  • Во потрага по себеси/ In search of ourselves. 2010. ИМЛ. Скопје. стр. 180/167.

Коавторски и приредени монографски публикации:

  • Македонската драма XIX и XX век. (приредил Раде Силјан) Македонска книга, Скопје 1990. стр.488. (коавтор)
  • Феноменот Љубов во балканските литератури и култури. 1999.ИМЛ. Скопје. стр. 293. (коавтор и приредувач)
  • The Phenomenon of Love in Balkan Literatures and Cultures. 1999. Institute for Macedonian Literature. Skopje. p. 218. (коавтор и приредувач)
  • Реторика на љубовта. 2001. ИМЛ. Скопје. стр. 200. (коавтор и приредувач)
  • Имагинарното во балканските литератури. 2006. ИМЛ. Скопје. стр. 170. (коавтор и приредувач)
  • Реално-Имагинарно. 2006. Дијалог. Скопје. стр. 260. (коавтор и приредувач)
  • Магичен реализам. 2012. Дијалог. Скопје, стр. 189. (коавтор, приредувач и преведувач)

Коавторски монографии објавени во странство:

  • Žeglarze pamieci. Antologija wspólczesnej literatury macedońskieј. 2009. (во избор на Vesna Mojsova-Čepiševska, Boguslaw Zieliński, Lech Miodyński) Poznań: Uniwesytet Im. Adama Mickiewicza. 500 p.117-124.(коавтор)
  • The representations of Russian émigrés in macedonian literature“.in Imagology Today: Achievements, Challenges, Perspectives / Imagologie heute: Ergebnisse, Herausforderungen, Perspektiven. (editor Dukić, Davor).Bouvier-Verlag. Bonn. Germany. 2011. pp.336. (коавтор)

Преведени монографски публикации:

  • Данило Киш, Post homo poeticus, (приредил Александар Јерков, превод: Јасмина Мојсиева-Гушева и др.), Магор, Скопје, стр. 262.

Поговори во монографски изданија:

  • Слободан Мицковиќ.2008. Александар и смртта. (поговор: Јасмина Мојсиева-Гушева), Микена, Битола.
  • Ранко Младеновски: Чекајќи ја егзегезата, (поговор: Јасмина Мојсиева-Гушева), Современост, Скопје, 2005, стр. 429-433.

Објавени трудови во периодиката:

Објавила 150-тина научни трудови, студии, прикази, есеи и стручни осврти во периодиката во земјата и странство. Нејзините трудови се преведени на англиски, руски, полски, српски и бугарски јазик.


Членства во научни и други професионални асоцијации

  • ДПМ (Друштво на писателите на Македонија)
  • ДККМ (Друштво за компаративна книжевност на Македонија, актуелен претседател)
  • ICLA (International Comparative Literature Association)
  • InASEA (International Association for Southeast European Antropology)

Општествени и професионални должности

  • член на Советот на ИМЛ (2004-)
  • член на Претседателството на македонското Друштво за компаративна литература,
  • член на Комисија за наука при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,
  • член на Македонски национален комитет за проучување на Југоисточна Европа при МАНУ,
  • член на  Национален славистички комитет,
  • главен и одговорен уредник на научното списание Спектар 41-42/2003,
  • главен уредник на електронското списание www.philologicalstudies.org,
  • уредник на српското списание Свеске,
  • член на Одбори за прослави на јубилеи од областа на компаративната и македонската книжевност и покренувач на иницијативи за балкански меѓународни соработки и конференции.