Menu

Д-р Валентина Миронска-Христовска

Валентина Миронска-ХристовскаИнтернет адреса:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. Научно звање: научен советник
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонската литература во XIX век, литературна историја, компаративна литература, историја на културни поими.
Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Литературното дело на Евтим Спространов, 2003
Последипломски студии: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Македонските преданија за места, 1993

 

Високо образование: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, група Општа и компаративна

книжевност 1986 година
На студиите од втор циклус при Институтот за македонска литература – Скопје, интердисциплинарни културолошки студии во книжевноста ги предава предметите:

  • Културните идентитети на Балканот и
  • Просветителството во Македонија. 

Научноистражувачки проекти:


Главен истражувач:

  • Жанровските и естетските книжевни вредности на македонскиот 19 век

Учество:

  • Континуитетот на македонската културно-литературна традиција во 19 век;
  • Националните рефлексии во определени творечки пројави на македонската литература во 19 век;
  • Македонски книжевен лексикон;
  • Филолошки белешки (ИМЛ, Универзитетите во Перм, Љубљана и Загреб);
  • Традицијата и континуитетот во македонско – хрватските културни врски;
  • Светите Константин – Кирил и Методиј Солунски
  • Аспекти на религиозното во македонскиот фолклор 

Студиски престои:

Остварила во Софија, Бугарија (2000, 2001,); Риека, Хрватска (2008)


Учество на научни собири:

Учествувала на повеќе меѓународни научни собири во земјата и во странство, Москва (Русија), Риека, Опатија (Хрватска), Познањ (Полска) итн.


Монографии:

  • Македонските преданија за места, Институт за македонска литература, Скопје, 2000;
  • Литературното дело на Евтим Спространов, Институт за македонска литература, Скопје, 2004;
  • Просветителството во Македонија, Институт за македонска литература, Скопје, 2005;
  • Македонската преродба, Институт за македонска литература, Скопје, 2007;
  • Македонското прашање во литературниот 19 век, Институт за македонска литература, Скопје, 2009;
  • Предговорот „Мисирковиот манифест за културниот и националниот развој на Македонците“ за јубилејното издание по повод 100 години од првото печатење на книгата на Крсте П. Мисирков За македонските работи, Табернакул, Скопје, 2003;
  • Литературни студии за македонскиот идентитет / Literary Studies of Macedonian Identity, Институт за македонска литература, Скопје, 2012.

Kоавтор e на:

  • Компаративна книжевност (учебник за IV година на реформираното гимназиско образование – изборен предмет), Стојменска-Елзесер, С.; Миронска-Христовска, В.; Аврамовска, Н.; Георгиевска-Јаковлева, Л., Просветно дело, Скопје, 2004 и
  • Македонскиот деветнесетти век 1800-1902, група автори, МИ-АН, Скопје, 2007.

Научни и стручни трудови во периодиката:

Автор е на 100-тина научни трудови во домашни и меѓународни списанија.


Членства во научни и други професионални асоцијации

Во моментов е раководител на Одделението за македонска литература во 19 век. Била член на редакциски одбори при објавување зборници од научни собири, координатор на Научната конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во 2007 година. Била член на редакцијата и уредник на научното списание за литература „Спектар“. Член на Издавачкиот одбор при Институтот за македонска литература - Скопје, член на Научниот совет и на Наставно-научниот колегиум за втор циклус студии на Институтот за македонска литература - Скопје. Член на Друштвото за компаративна книжевност.