Menu

Д-р Александар Прокопиев

prokopiev aleksandarИнтернет адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Научно звање: научен советник
Потесна област на научноистражувачки интерес: теорија на литературата и компаративна книжевност
Докторска дисертација: Филолошки факултет Блаже Конески – Скопје, Сказната како жанр (врз примерот на македонската сказна), 1995
Последипломски студии: Сорбона, Париз и Филолошки факултет – Белград 

Наслов на магистерски труд: Чудесните елементи во македонската сказна,           

Филолошки факултет – Белград, 1981
Високо образование: Филолошки факултет – Белград,
Група: Општа и компаративна книжевност, 1977

 Научноистражувачки проекти: 

Учество

Историја на македонската литература

Проникнувања помеѓу македонската и светската литература

Критичките модели во македонската литература во светлината на светската книжевно-теоретска мисла

Имагологија – сликата на Другиот во современата македонска литература 

Главен истражувач на:

Феноменот љубов и неговите креативни импликации во јужнословенските литератури на XX век

Македонската современа проза во балкански контекст и 

         Книжевни простори: "нашето" и "туѓото" во современата македонска литература и култура 

Студиски престои:

Визитинг професор на универзитетите во Оксфорд, Букурешт, Будимпешта, Белград, Софија, Љубљана…  

Учество на научни собири:

Учествувал на повеќе од 100 научни собири во значајни научни и високообразовни центри во земјата и странство. 

Монографии:

Дали Калимах беше постмодернист?, Скопје,1994 

Патувања на сказната, Скопје,1996, 

Постмодерен Вавилон, Скопје, 2004, 

Борхес и Компјутерот, Скопје, 2005

        Измислувајќи ја Европа, Скопје, 2015

Научни и стручни трудови во периодиката:

Автор е на бројни научни осврти, стручни рецензии, есеи во периодиката и дневниот печат во земјата и странство.

Неговите есеи се преведувани на англиски, француски, италијански, полски, чешки, руски, јапонски, српски, словенечки и бугарски јазик.

Членства во научни и други професионални асоцијации

Друштво на компаративисти, Друштво на независните писатели во македонија, ПЕН центарот во Македонија.

Општествени и професионални должности

Главен и одговорен уредник на Спектар 35-36/2000

Член е на редакции на повеќе значајни списанија од областа на литературната наука: Orient Exspres (Оксфорд, Велика Британија) World haiky (Кјото, Јапонија), Context/Kонтекст, Корени, Наше писмо и СУМ.