Menu

Д-р Соња Стојменска-Елзесер

Sonja-Stojmenska-ElzeserИнтернет адреса:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Научно звање: научен советник
Потесна област на научноистражувачки интерес: теорија на литература и компаративна книжевност, споредбено проучување на словенските литератури, книжевен лудизам
Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески" – Скопје, Лудистички постапки во современиот расказ (2003)
Последипломски студии: Филолошки факултет „Блаже Конески" – Скопје,
Теориско-методолошките начела на Михаил Бахтин (1995)
Високо образование: Филолошки факултет „Блаже Конески" – Скопје,
група Општа и компаративна книжевност, 1986

 
 
 
Научноистражувачки проекти:
Учество:
  • Историја на македонската литература;
  • Проникнувања помеѓу македонската и светската литература;
  • Критичките модели во македонската литература во светлината на светската книжевно-теоретска мисла;
  • Имагологија – сликата на Другиот во современата македонска литература;
  • Македонската современа проза во балкански контекст;
  • Сродности меѓу современата македонска литература и другите балкански литератури;
  • Книжевни простори – "нашето" и "туѓото" во македонската современа литература и култура;
  • Балканската слика на светот (МАНУ и ПАН);
  • Kритичко издание на делото на Блаже Конески (МАНУ);
  • Интеркултурна историја на македонската литература;
  • Tипологија на романот – македонскиот митопоетски роман.

Главен истражувач:

  • Книжевна компаратистика – состојби и перспективи

Учество на научни собири:

Учествувала на повеќе научни конференции во земјата и странство, меѓу кои и во Прага (Чешка), Нитра (Р. Словачка), Будимпешта (Унгарија), Благоевград (Р. Бугарија), Фиренца (Италија), Нијмиген (Холандија), Вилњус (Литванија), Москва (Русија).

Монографии:

  • Пулсирачка филологија: теориско-методолошките начела на Михаил Бахтин, Скопје: Култура и Институт за македонска литература при Филолошки факултет „Блаже Конески", 1997;
  • Игропис: есеи за книжевниот лудизам, Скопје: Магор, 2004;
  • Стојменска-Елзесер, С.; Миронска-Христовска, В.; Аврамовска, Н.; Георгиевска-Јаковлева, Л.: Компаративна книжевност (учебник за IV година на реформираното гимназиско образование – изборен предмет), Скопје: Просветно дело, 2004;
  • Споредбена славистика, Скопје: Институт за македонска литература, 2005;
  • Гризни го јаболкото: антологија на македонската еротска проза, Скопје: Магор, 2006;
  • Компаративна книжевност, (хрестоматија од едицијата Теории на другоста), Скопје: ЕвроБалкан Пресс; Менора, 2007;
  • Остров на копно, (Избор од поезијата на Богомол Ѓузел со предговор, едиција: 130 тома македонска книжевност, и во превод на англиски јазик), Битола: Микена, 2008;
  • Еквилибриум/Equilibrium , Скопје: Институт за македонска литература, 2009
Научни и стручни трудови во периодиката:
Автор е на повеќе од 100 трудови, објавени во периодиката и дневниот печат во Македонија и во странство.
Членства во научни и други професионални асоцијации
Друштво за компаративна книжевност на Македонија, Mеѓународна асоцијација за компаративна книжевност, Eвропска мрежа за компаративна книжевност, Друштво на писателите на Македонија, Национален славистички комитет, Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература
Општествени и професионални должности
  • Главен и одговорен уредник на научното списание Context/Контекст 8;
  • Претседател на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија 2005-2009;
  • Главен и одговорен уредник на научното списание Спектар 43-44/2004;
  • Лектор по македонски јазик и литература на Карловиот Универзитет во Прага, Република Чешка (1997-2000)