Menu

Д-р Илија Велев

Илија ВелевИнтернет адреса:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Научно звање: научен советник
Потесна област на научноистражувачки интерес: медијавистика, палеославистика, археографија, историографија и современа литература
Докторска дисертација: Филолошки факултет Блаже Конески – Скопје, Развојот на македонската книжевност во XIV век, 1994
 
Последипломски студии: Филолошки факултет Блаже Конески – Скопје, Лесновскиот книжевен центар, 1988
Високо образование: Филолошки факултет Блаже Конески – Скопје,
група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ и Македонски јазик, 1982
Научноистражувачки проекти:
 

Учество

  • Историја на македонската литература
  • Средновековни жанрови во старата македонска литература Творци на средновековната македонска книжевност
  • Кирилометодиевскиот превод на Библијата
  • Света Гора и македонското книжевно наследство
  • Меѓународен макропроект Slovo: Towards a Digital Library of South Slavic Manuscripts  (финансиран од Европската унија со учество на експерти од Австрија, Бугарија, Словенија, Србија и Македонија)

 

Главен истражувач:

  • Византиско-македонски книжевни врски
  • Свети Константин-Кирил и Методиј Солунски – монографско истражување

 

Студиски престои:


Остварил студиски престои во научните центри во Москва (Руска Федерација), Софија (Република Бугарија) и Белград (Србија и Црна Гора).
 

Монографии:

  • Се појавува како автор на поетски, прозни, критичко-есеистички, книжевно-научни и историографски дела.
  • Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија, Наша книга, Скопје, 1990
  • Македонска средновековна книжевност, Македонска книга, Скопје, 1991 (Коавтор)
  • Македонскиот книжевен XIV век, Веда, Скопје, 1996
  • Свети Гаврил Лесновски во книжевната традиција, Менора, Скопје, 1996
  • Скрипторски центри во средновековна Македонија (коавтори д-р Ѓорги Поп-Атанасов и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ), Институт за македонска литература при Филолошки факултет, Скопје, 1997
  • Лесновскиот книжевен центар, Мисла, Скопје, 1997
  • Кирилометодиевската традиција и континуитет, Институт за македонска литература и Култура, Скопје, 1997
  • Кога морето се изговара без брегот, Менора, Скопје, 2000
  • Средновековни книжевни антологии, Менора, Скопје, 2000
  • Проникнувања на традицијата и континуитетот, Институт за македонска литература, Скопје, 2000
  • Записи и натписи од Лесновскиот книжевен центар, Институт за македонска литература, Скопје, 2001
  • Творци на средновековната македонска книжевност (коавтори д-р Ѓорги Поп-Атанасов и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ), Институт за македонска литература, Скопје, 2004 
  • Лесновски - ковачевиќев пролог, Менора, Скопје, 2002
  • Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005
  • Низ преминот на традицијата, Книжевно-историски погледи, изд. Дијалог, Скопје 2006
  • Македонскиот јазик во глобалниот свет, 2008 – Година на македонскиот јазик, изд. Влада на Република Македонија, Скопје 2008 (коавтор)
  • The Macedonian Language in theGlobal World, 2008 – Year of the Macedonian language, Skopje 2008.
  • La Lingua macedone nel mondo globale, 2008 – Anno della lingua macedone, Skopje 2008.
  • Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо, изд. Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков", Скопје 2008 (коавтор).
  • Macedonian Glagolitic and Cyrillic Manuscripts, Contributors: Ilija Velev, Liljana Makarijoska, Emilija Crvenkovska, Skopje 2008.
  • Македонска книжевност IX-XVIII век, том 1 од 130 томови македонска книжевност, Издавачки макропроект на Владата на Република Македонија, Битола 2008
  • Macedonian literature IX-XVIII century, volume 1 from 130, Macedonian literature, Skopje 2010
  • Во почетокот беше Словото, изд. Институт за македонска литература, Скопје 2009

 

Поетско-белетристички изданија:

  •   Далечина, збирка поезија, изд. Книжевна младина на Македонија, Скопје 1980.
  •   Одлагање на говорот, збирка поезија, изд. Култура, Скопје 1988.
  •   Мораме да крвавиме, збирка раскази, изд. Менора, Скопје 1999.
  •   Искушение пред бескрајот, собрани стихови, изд. Макавеј, Скопје 2008.

 

Научни и стручни трудови во периодиката:

Автор е на повеќе од 300 објавени прилози во научната периодика.
 
 

Научни собири:

Учествувал на повеќе од 100 меѓународни и национални научни собири во Македонија и во други земји, главно од областа на медијавилистиката, византологијата, палеославистиката, културологијата и историографијата.
 
 

Членства во научни и други професионални асоцијации

Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

 

Општествени и професионални должности

  • Раководител на научната единица Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје (1996-1998);
  • Член на Факултетската управа на Филолошки факултет "Блаже Конески" (1996-1998);
  • Прв вд директор и учесник во институционалното осамостојување на ЈНУ Институт за македонска литература, во два мандата (1998-1999);
  • Член на Ректорската управа на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје (1998-1999);
  • Член на Советот на Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура (1998-1999);
  • Главен и одговорен уредник на списанието за книжевна наука Спектар на Институтот за македонска литература (1995-1999, од бр.25 до бр.34) и член на редакцијата (2000-2001, од бр.35 до бр.38);
  • Еден од основачите и член на редакцијата на научното списание Кирилометодиевистика, издавач Менора од Скопје (2003-2005, од бр.1 до бр.3);
  • Претставник на Владата на РМ во Советот на Институтот за фолклор "Марко Цепенко" во Скопје (2001-2004);
  • Претставник на Владата на РМ во Советот на Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков" во Скопје (2005-2008);
  • Претседател на Комисии за одобрување на учебници за средно образование по предметот Македонски јазик и литература во Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука, во повеќе наврати (2001-2007);
  • Претседател или член на Жири-комисии за наградата "Димитар Митрев" за книжевна критика и есеистика при Друштвото на писателите на Македонија, во 6 наврати (2000-2009);
  • Член на Комисијата за доделување на наградата "13 Ноември" на град Скопје од областа на науката за 2007 година;
  • Член на Комисијата за издавачка дејност при Министерството за култура на Владата на РМ, во два мандата (2007 и 2008);
  • Член на Сенатот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, во два мандата (2004-2008 и 2008 - );
  • Член на Интеруниверзитетската конференција на РМ (2008 - );
  • Еден од иницијаторите, државен програмски координатор и член на Организацискиот одбор на 2008-Година на македонскиот јазик при Владата на РМ, а под покровителство на Претседателот на Владата г. Никола Груевски;
  • Еден од иницијаторите и организаторите на Првиот македонистички научен собир во Охрид 2008 година;
  • Член на Програмскиот одбор на Меѓународниот славистички конгрес во Охрид 2008 година;
  • Член на Комисијата за доделување на државната награда "Климент Охридски" од областа на културата за 2009 година;
  • Претседател на Програмско-организасикиот одбор на Меѓународниот научен собир "Св. Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција" (По повод 1100 години од смртта на преп. Наум Охридски", организиран од Ректоратот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје, Охрид 4-7 ноември 2010 година.
  • Координатор на четвртата научна средба по повод празникот на Св. Климент Охридски при НУБ "Св. Климент Охридски" во Скопје, за темата Свети Климент Охридски и Охридската духовна и книжевна школа, декември 2010 година.

 

Награди и признанија

  • Добитник на државната награда "Гоце Делчев" во 2006 година, како општествено признание за особено значајно остварување во областа на науката за монографското издание Византиско-македонски книжевни врски, Скопје 2005;
  •  Плакета на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје во 2006 година за посебна афирмација во областа на научно-истражувачката дејност;
  •  Плакета на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје во 2008 година за посебен придонес во развојот и работата на Семинарот за македонски јазик, литература и култура.