Menu

Д-р Ана Мартиноска

Ана МартиноскаИнтернет адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Научно звање: виш научен соработник / вонреден професор
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонска народна литература, компаративна литература, културолошки и родови студии, глобализација
Докторска дисертација: Филолошки факултет Блаже Конески - Скопје, Конески и фолклорот, 2010
Последипломски студии: Филолошки факултет Блаже Конески - Скопје, Поетика на македонските народни гатанки, 2002
Високо образование: Филолошки факултет Блаже Конески - Скопје, група Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, 1994

 
 
Научноистражувачки проекти:
Учество во национални проекти:
  • Аспекти на традиционалното во македонскиот фолклор
  • Аспекти на религиозното во македонскиот фолклор
  • Драмски елементи во македонскиот фолклор
  • Митот и ритуалот во македонското народно творештво
  • Националните рефлексии во определени творечки пројави на македонската литература од 19 век
  • Македонски книжевен лексикон
 Учество во меѓународни проекти:
  • Nationality Building and the Break-up of the Empire (Bilgi University, Istanbul,Turkey)
  • Родовите претстави во македонската и албанската култура и социјален живот (UNESCO)
  • Родовите претстави балканските литератури и култури (ИМЛ, Македонија и Универзитет Св. Неофит Рилски, Благоевград, Бугарија)
  • Learning How to Write Effectively (COST ISO703)
  • Традицијата и континуитетот во македонско-хрватските врски (ИМЛ, Македонија и Универзитет во Риека, Хрватска)
  • Literacy Development in the Humanities: Creating Competence Centers for the Enhancement of Writing Skills (SCOPES )
Студиски престои:
  • Somerville College, Oxford University, Оксфорд, Велика Британија, 2004
  • Балканолошки институт, САНУ, Белград, Србија, 2001
Учества на научни собири:
Учествувала на научни собири во земјата и во Тарту (Естонија), Букурешт (Романија), Клуж (Романија), Благоевград (Бугарија), Будимпешта (Унгарија), Л'вов (Украина), Истанбул (Турција), Орел (Русија), Ријека (Хрватска), Ниш (Србија), Белград (Србија), Барселона (Шпанија) и др.
 
Монографии:
  • Popular Culture: Reading from Below / Популарна култура: Поглед одоздола, Editors: Ana Martinoska and Maja Jakimovska-Tosic, Institute of Macedonian Literature, 2016
  • Културни парадокси (Родот, етницитетот и идентитетот во фолклорот и литературата), Институт за македонска литература, 2014
  • Конески и фолклорот, Институт за македонска литература, 2012
  • Митот и ритуалот во македонскиот фолклор – релации и проникнувања, Скопје, Институт за македонска литература, 2008
  • Голиот на гости, Антологија на македонскиот еротски фолклор, Скопје, МИ-АН, 2007
  • Поетиката на македонските народни гатанки, Скопје, Македонска книга, 2002

Објавени трудови во периодиката: Објавила 60-тина научни трудови во стручната периодика во земјата и странство, како и на над 150 колумни на културолошки и родови теми во неделникот „Глобус".

Членства во научни и други професионални асоцијации
Член на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија и на Меѓународното Здружение за компаративна литература ICLA (International Comparative Literature Association).
 
Општествени и професионални должности
  • Претседател на Советот на Институтот (2016-тековно)
  • Член на Советот на Институтот (2007-2010, 2010- тековно)
  • Претседател на Организациониот одбор на меѓународната научна конференција "Popular Culture: Reading From Below / „Популарна култура: поглед одоздола“ (Скопје, 3-4.11.2014)
  • Член на Организациониот одбор на IV. Меѓународен конгрес на европската мрежа за книжевни компаративни студии "Literary Dislocations"/"Déplacements Littéraires"/„Литературни дислокации" (Скопје, Охрид, 1-3.09.2011)
  • Главен и одговорен уредник на  списанието „Спектар“  (2013-2014)
  • Уредник во електронското списание „Блесок“ (2012-тековно)